Св. Ѓорѓи - Неготино |
10.12.2010. | |
На денот кога Светата Православна Црква го слави споменот на светиот великомаченик Ѓорѓи, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на овој светител во Неготино. На Литургијата сослужуваа свештеници од кавадаречкото намесништво на епархијата. Голем број на верници молитвено присуствуваа на Литургијата, а дел од нив ги примија Светите Христови дарови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот и свештениците се упатија во дворот на манастирот каде ги осветија и ги прекршија славските колачи и осветија вода за здравје и спасение на верниците. |
< Претходно | Следно > |
---|