Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Св. Климент Охридски
8.12.2010.

Sample ImageВо епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски, со Вечерна богослужба започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во Повардарската епархија. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.

По завршувањето на Вечерната, Протоереј Томе Јованов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква.

На самиот ден на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше архиерејскиот намесник на велешкото намесништво, протоереј ставрофор Славе Јованов.

По завршувањето на литургијата беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта

Патронот на Македонската црква, Свети Климент, се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централниот настан се случува во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во македонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на патронот на црквата.

 
< Претходно   Следно >