Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Три години работа на кујната во Велес
25.11.2010.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

 

Деновиве се навршија три години од отпочнувањето на функционирањето на црковно-народната кујна во Велес. Кујната во Велес е само еден сегмент од хуманитаната дејност „Ѓаконија“ која работи под духовно водство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, бидејќи во склоп на оваа дејност веќе 12 години работат и две кујни во Скопје, во црквите „Св. Петка“ во Пржино и „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Кујната во Велес, како и двете во Скопје во целост ја исполнија и ја исполнуваат зададената цел, да обезбедат по еден топол оброк во денот за сите оние наши браќа и сестри кои живеат во супстандардни услови на работ на егзистенцијата, а кои за жал ги има многу.  Опстојувањето на црковната кујна е вистински пример, како што Библијата нè учи, како треба во неволја и тешкотија да му помагаме на човекот, и токму во тешкотија и несреќата  да ја покажеме нашата вистинска подготвеност за љубов кон ближните. Токму оваа евангелска доктрина ќе биде патеводителка, вдахновение и инспирација за Митрополитот Агатангел, за во 1998 година, со благослов на Архиепископот Михаил, да ја создаде мисионерско-хуманитарната дејност „Ѓаконија”, која низ сите овие години духовно ќе ги просветува, облекува и нахранува прво најсиромашните, а потоа и останатите наши ближни, не прашувајќи ги за нивната вера, народност или убедување. И покрај реалните тешкотии со кои се соочува „Ѓаконија”, кои пред сè се од финансиска природа, сепак, со огромни инсистирања и напори на г. Агатангел, таа и ден-денеска ги принесува своите благочестиви плодови.

По повод одбележувањето од годишнината на овој настан, Повардарската епархија изразува бескрајна благодарност на сите жени, кои волонтерски, несебично и пожртвувано секојдневно работат и се грижат за беспрекорното функционирање на кујните, како и на сите добронамерни луѓе кои вистински си ја сакаат својата вера и кои во духот на верата многупати ги потврдиле евангелските начела на љубов и грижа со несебичното донирање на производи за потребите на кујните.

 Сите оние наши браќа и сестри кои сакаат со свои средства да го помогнат функционирањето на црковните кујни тоа можат да го сторат тоа на ж-сметка: 200000098791388 или со намирници кои можете да ги донесете во Повардарската епархија, а за секоја информација поврзана со кујните можете да се обратите кај координаторот, отец Анѓел Станчев на моб. 071 915 608.

 
< Претходно   Следно >