Света Тајна - Свештенство |
19.07.2010. | |
![]() ![]()
На ден 18. 07 2010 година (недела), на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Преподобен Атанасиј Атонски и Преподобен Лампад, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа повеќе свештеници од кавадаречкото и велешкото намесништво на епархијата.
![]() ![]()
![]() ![]()
На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи ѓаконот Трајче Грозданов од Кавадарци во чин свештеник. Во својата беседа, Митрополитот Агатангел го претстави новиот свештеник пред присутните верници на Литургијата. - На нивата на Македонската Православна Црква, Бог ни подарува нов пастир, кој ќе го проповеда Светото Евангелие, ќе ја проповеда благата вест, веста за спасението на човештвото, веста за воскреснувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, веста за она што срцето го исполнува со љубов, добрина и милосредие. Нека му е честито и од Бога благословено - истакна Митрополитот Агатангел.
![]() ![]() ![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|