Групна крштевка на реката Бабуна во Велес |
17.07.2010. | |
![]() ![]()
Повардарската епархија на 17. 07. 2010 година (сабота) по трет пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. И оваа година имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Така, оваа година бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква изнесуваше 65. прилог А1 , прилог Сител , прилог Канал5
![]() ![]()
Со чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Велес. Групната крштевка беше организирана по трет пат во Повардарската епархија, со што продолжува тенденцијата традиционално да се одржува секоја година во водите на реката Бабуна.
![]() ![]()
Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој Митрополитот Агатангел ги повика сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест.
![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|