Светите апостоли Петар и Павле |
14.07.2010. |
На 12 јули 2010 година, во Осмата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол Петар и светиот апостол Павле, во црквата посветена на овие светители во Кичево беше отслужена Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. Г. Стефан во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Наум, Агатангел и Пимен, архимандритите Нектариј и Партениј и голем број свештенослужители. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Кичево, а поголем број од присутните кои беа подготвени после завршувањето на Петровденските пости се причестија со Светите Христови дарови.
Пред Литургијата се изврши преосветување на престолот и иконостасот, а по завршувањето на Литургијата Архиепископот и Митрополитите се упатија во дворот на црквата каде осветија вода и ги прекршија славските колачи. |