Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групно крштевање на Матка (01.09.2007)
3.09.2007.

 

Sample Image

 

Драги браќа и сестри!

Денес, по ваша слободна волја, крштевајќи се во водите на реката Треска, исто онака како што и Самиот Господ Исус Христос беше крстен од Св. Јован Крстител во водите на реката Јордан, вие ќе станете членови на Светата православна црква.

Крштението, драги мои, пристапувањето кон Црквата Христова, пред сè, значи да се исчистиме од нашите гревови, да се отргнеме од злото и вечно и постојано да се стремиме кон евангелските идеали, што се содржани во Божјите библиски пораки. Христијанските доблести, како што се: благочестивоста, добрината, меѓусебното почитување, љубовта и милостивоста, отсега па натаму постојано ќе треба да бидат дел од нашиот секојдневен живот. Почитувајќи ги и живеејќи ги овие идеали, како вистински Христови ученици, ние сме само на чекор од царството Божјо и на чекор до нашиот Бог, а тоа значи дека нашето спасение е сигурно, дека благодатта Божја веќе се симнала врз нас - на овој начин Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги поздрави околу 200 верни кои во саботата на 01. 09. 2007 ја примија православната вера крштевајќи се во водите на реката Треска крај древниот манастир посветен на Успението на Пресвета Богородица на Матка крај Скопје.

 

Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Sample Image

 

Чинот на Светото Крштение започна со Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во присуство на поглаварот на Македонската Праволсвна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан. По светото Миропомазание и пострижувањето, службата продолжи во манастирскиот двор, кадешто верните се причестија со Светите Тајни Христови. По крштевањето беше подготвена трпеза на љубовта.

 
< Претходно   Следно >