Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 29.06./16.06.
29.06./16.06.
30.06.2010.
Sample Image

Св. Тихон еп. Аматунтски – чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон бил избран едногласно за епископ, а посветен од славниот Епифаниј, на епархијата Аматунтска. Чистотата на животот и ревноста кон христијанството го препорачале за овој чин. Во тоа време на островот Кипар уште имало незнабожци. И св. Тихон се нафатил со апостолска ревност да ги обраќа неверните во верни, и во тоа тој имал голем успех. После долгиот труд во лозјето Господово, се преселил во блажена вечност околу 425 година. Чудотворец е наречен поради многуте чуда што ги направил за времето додека бил жив. Татко му бил фурнаџија. Секогаш кога татко му ќе го оставел во дуќанот, тој ќе им го раздадел лебот на сиромасите бесплатно. Еднаш татко му го укорил поради тоа. А тој се помолил на Бога и нивниот амбар толку се наполнил жито што со мака ја отвориле вратата. Другпат, пак, посадил една сува прачка од лозница и лозата раззеленила и во свое време донесла плод.

Св. мч-ци Тигриј и Евтропиј – Овие двајца биле од клирот на св. Јован Златоуст. Кога злобните луѓе го протерале Златоустиот од Цариград, соборната црква се запалила, а пламенот од неа се кренал и паднал врз куќите на гонителите на ова светило на Црквата. Народот во тоа видел прст Божји, додека нпријателите на Златоуст тој пожар им го припишале на неговите приврзаници. Многу од овие луѓе настрадале поради тоа, меѓу нив и презвитерот Тигриј и чтецот Евтропиј. Градскиот начелник, некој некрстен Грк Оптат, со особена злоба покренал потера на златоустовците. Тигриј во младоста му бил роб на некој богаташ, кој го кастрирал. Ослободувајќи се од ропството, тој целиот се предал на служба на Црквата и во таа служба светел како блескав зрак. Тиј „кроткиот, смирениот, милостивиот и гостољубивиот“ човек Оптат го ставил на големи маки, па потоа го испратил во затвор во Месопотамија, каде што во темницата и го завршил животот. Евтропиј, девственик уште од раѓањето, чист, непорочен и незлобив, бил тепан со воловски жили и стапови и најпосле бил обесен. Кога христијаните го понесле неговото тело да го погребаат, во воздухот се слушнало слатко ангелско пеење.

Р А С У Д У В А Њ Е

Набројувајќи ги чудата на христијанската вера, ние никогаш не треба да ги заборавиме безбројните и големи чуда на промена на срцата и карактерот на луѓето кои вистински се обратиле во верата. Колку разјарени злосторници опитомила оваа вера! Колку крвожедни разбојници преобратила во незлобни јагниња! Колку развратници обратила во чисти девственици! Колку гонители ги направиле бранители! Колку себични среброљубци ги научил на милосрдие! Колку плашливци ги навела на патот на крајното самопожртвување! Митрополитот Филарет пишува за рускиот кнез Владимир: „Сластољубец, колку што не можело повеќе, јазичникот Владимир во христијанството постанал пример на чист сопружнички живот, ги отпуштил откај себе сите жени и заложнички живеел со благоверната Ана. Опакиот, одмаздливиот и крвожеден братоубиец во незнабожтвото, во христијанството бил најнежен пријател на бедните. На бедните секогаш им било дозволено да доаѓаат кај него и тој им раздавал и храна и пари со штедра рака. И повеќе од тоа: „Болните не се во состојба да дојдат до мојот дворец“, говорел тој, и наредил по улиците да се разнесува месо, риба, леб, квасец и мед. Едангелските зборови блажени се милостивите проникнале во самата длабочина на неговото срце и му постанале закон во животот.

 
< Претходно   Следно >