28.06./15.06. |
28.06.2010. | |
Св. пророк Амос – Роден е во селото Текују, близу до Витлеем. Прост по потекло и по живот, Амос бил чувар на свињите на богаташите од Ерусалим. Но Бог, Кој не гледа кој е кој по надворешноста ѕуку по чистотата на срцето, Кој и Мојсеј и Давида ги зел откај овците и ги поставил за водачи на народот, го избрал и овој, Амоса, за Свој пророк. Тој го изобличувал царот Озија и неговите маѓесници за идоло-поклонството и го одвратувал народот од поклонување на јунаци од злато во Ветилја, учејќи го да Му се поклонува на Бога, Единиот и Живиот. Кога главниот маѓесник Амасија го гонел, тој прорекол дека Асирците ќе го покорат Израилот, дека ќе го исечат царот и синовите на Амасија, и дека пред очите на Амасиј асирските војници ќе му ја осквернуваат жената со блуд затоа што и Амасиј го завел народот на блудствување со идолите. Сето ова потоа и се случило. Синот на маѓесникот го удрил пророкот со стап по челото толку силно што овој паднал. Одвај жив го однеле во неговото село Текују, каде што ја испуштил својата света душа. Живеел во VII век пред Христа. Св. мч-ци Вит, Модест и Крискентија – Свети Бит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му бил учител, а Крискентиј негувателка. Свети Вит рано се крстил и веќе во 12-та година тргнал на голем подвиг. Ангели му се јавувале, го раководеле и го крепеле во подвиг, а и самиот тој бил блескав и убав како ангел Божји. Но судијата, кој го тепал, му се исушила раката и тој со молитва му ја исцелил. Татко му ослепел видувајќи во неговата соба 12 свети ангели „на кои очите им биле како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но Вит со молитва му го повратил видот. Кога татко му сакал да го убил, му се јавил ангел и го одвел, заедно со Модест и Крискентија, во Луканија, на брегот на реката Силар. И така св. Вит покажал многу чуда над болните и полудените. На повик на царот Диоклецијан, отишол во Рим. Таму го изгонил лошиот дух од царевиот син, заради што царот не го наградил туку, напротив, луто го намачил оти не сакал да им се поклони на глупавите идоли. Но од сите маки, Господ го избавил и со Својата невидлива рака го пренесол во Ликанија, каде што и тиј и Модест и Крисентија Му се претставиле на Господа. Моштите на св. Бит се наоѓаат во Прага. Преп. мч. Дула – Живеел свет живот во еден манастир во Египет. Еден негов собрат од завист го обвинил за светотатство, кражба на црковни работи. На невиниот Дула му го соблекле расото и му го предале на кнезот за осудување. Кнезот наредил, па го удирале и сакал рацете да му ги пресече, согласно законот за такви недела, но во тој момрнт обвинувачот се покајал и ја објавил невиноста на Дула. Вратен во манастирот по 20 години гонење и понижување, тој на третиот ден се упокоил во Господа. Телото негово на чуден начин исчезнало. Св. мч. Лазар српски кнез – Еден е од српските големци кои владееле со српското царство после царот Душан. По смртта на цар Урош, Лазар бил крунисан од патријархот Ефрем за српски цар. Испраќал пратеници во Цариград со монахот Исаија да моли да се симне анатемата од српскиот народ. Се борел против турската војска во неколку наврати. Најпосле, на Косово Поле, во 1389 година на 15 јуни, се судрил со турскиот цар Амурат, каде што бил обезглавен. Телото му било пренесено во неговата задолжнина, во манастирот Раваница кај Ќуприја, а подоцна оттаму било пренесено во Раманица Сремска, од каде што за време на Втората светска војна (1942 год.) било пренесено во Белград и положено во Соборниот храм, каде што и денес нетлено почива и им дава утеха и исцеление на сите оние кои со молитва му се обраќаат. Го обновил манастирот „Хилендар“ и „Горњак“, го подигнал „Раваница“ и „Лазарица“, бил ктитор и на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора, како и на многу други цркви и манастири. Р А С У Д У В А Њ Е Не е лесно секогаш да го победиш во себе духот на суетата и фалењето. Во тоа успевале само големите духовници со голема Божја благодат, на прво место, со непрекидно стражарење над својата душа и со многу добри духовни забележувања и разликувања. Авва Нистерој одел еднаш по патот со својот собрат. Одеднаш на патот забележал змија. Собратот брзо побегнал настрана, а по него побегнал и големиот Нистерој. „Зарем и ти се плашиш, оче?“ – го прашал монахот Нистероја. Овој старец му одговорил: „Не, синко, не се плашам, но морав да побегнам, инаку не би побегнал од духот на суетноста“. Односно, да останев јас на местото, ти на мене би се восхитувал, а јас од тоа би се осуетил! |
< Претходно | Следно > |
---|