14.06./01.06. |
14.06.2010. | |
Св. мч. Јустин филозоф – Роден е од елонски родители во самарискиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година по Христа. Усрдно ја барал мудроста во филозофите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетиците, па кај питагорејците и најпосле кај платонистите. Иако на Платоновата филозофија не го задоволила, сепак на неа се задржал најмногу, немајќи ништо што би го привлекувало повеќе. Но по привидението Божјо, му се јавил некој чесен старец, кој ја поколебал во него целата филозофија на Платон, и му напоменал дека луѓето не може да ја знаат вистината за Бога додека Бог тоа не им го открие, а Бог ја открил вистината за Себеси во книгите на Светото Писмо. Јустин почнал да го чита Светото Писмо и постанал убеден христијанин. Сепак , не сакал да се крсти ниту да се нарече христијанин сè додека лично не се уверил за лажноста на сите оние обвиненија што незнабожците ги истакнувале против христијаните. Доаѓајќи во Рим во филозофска долама, тој набргу таму стекнал големо почитување и многу приврзаници. Присуствувал на маченичкиот крај на св. мч-ци Птоломеј и Лукиј. Видувајќи го мачењето на невините христијани, тој напишал апологија (одбрана) на христијаните и христијанското учење и му ја предал на царот Антонин и на сенатот. Царот со внимание ја прочитал апологијата и наредил да престане гонењето на христијаните. Јустин го зел преписот од царевата наредба и со неа отишол во Азија, каде што со помош на таа наредба спасил многу гонети христијани. Потоа се вратил во Рим. Кога настанало гонењето од цар Марко Аврелиј, тој напишал втора апологија и му ја упатил на царот. Некој нечесен филозоф Крискент, циник, го обвинил како христијанин, од завист што Јустин го победувал во сите расправии, па Јустин допаднал во темница. Посакувајќи му смрт на Јустина, а плашејќи се овој некако да не се оправда на судот, Крискент начекал прилика, та некако го отрул Јустина во темницата. Така го завршил својот земен живот овој голем заштитник на верата христијанска и се преселил во блажена вечност во 166 година. Св. мч-ци Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст – Сите пострадале во Рим за време на Марко Аврелиј и епархот Рустик. Кога Рустик прашал: „Мислите ли вие дека, ако умрете за Христа, ќе примите награда на небото?“ Јустин одговорил: „Не мислиме, туку знаеме“. После тоа, сите биле обезглавени, во 163 година и се преселиле во вечното царство на Христа Бога. Преп. Аганит Печерски – Ученик на св. Антониј Печерски. Ги лекувал луѓето со молитва и со давање на зелје, од коешто тој си правел леб за себе. Така го излекувал и кнезот Владимир Монамах, поради што се прочул на сите страни. На тоа му позавидел кнежевиот лекар, некој Ерменец, и почмал да го клевети. Кога Агапит се разболел, му дошол овој Ерменец и погледнувајќи го, му реко дека по три дена ќе умре, а ако не умре, дека и тој, Ерменецот, ќе се замонаши. Агапит му рекол дека нему му е јавено од Господа дека нема да умре по три дена, туку по три месеца. Така и се случило. По смртта на Агапит, Ерменецот дошол кај печарскиот игумен и го замолил да се замонаши оти, рекол, му се јавил од оној свет Агапит и го потсетил на ветувањето. И така, некогашниот завидливец постанал кроток монах по провидението на Бога, Кој сака сите луѓе да се спасат. Светиот Агапит се упокоил околу 1095 година. Р А С У Д У В А Њ Е Никој не расеал толку бесрамни клевети за христа Господа како Евреите. Нивниот Талмуд е преполн од злоба и пакост кон Господа. Но сите тие ништожни клевети ги разобличува најистакнатиот еврејски историчар по Христа Јосиф Флавиј, рабин и научник, кој живеел кон крајот на I век. Тој пишува: „Во тоа време живеел Христос, мудар маж, кој одвај може да се нарече човек заради тоа што правел чудни дела – учител на луѓето кои ја примиле вистината со радост. Тој кон себе привлекол многу следбеници, како од Јудеја, така и од Грција. Тој бил Христос. Па и потоа, кога Пилат, по достава на нашите најпознати луѓе, го осудил Него на крсна смрт, сепак не Го напуштиле оние кои и порано го љубеле: Тој пак им се јавил жив по третиот ден, како што божествените пророци претскажале за тоа и за многу други дела што се однесуваат на Него. И сектата на христијаните, таканаречена по Него, постои до денешен ден“. Така запишал човекот кој не верувал во Христа, но бил научник, слободен од пристрасност и од злоба. Б Е С Е Д А за тоа што е почеток на мудроста Ако некој би го знаел бројот на ѕвездите на небото, и имињата на рибите во морето, и збирот на тревките во полето, и навиките на ѕверовите во гората, а нема страв од Бога, неговото знаење е како вода во решето. И пред смртта, неговото знаење го прави поголем страшливец од оној кој што ништо не знае. Ако некој би можел да ги погоди сите човечки мисли и да ги прорече сите судбини човечки, и да ја објави секоја тајна што земјата ја крие во своите длабочини, а нема страв од Бога, неговото знаење е како истурено млеко во некој нечист сад од кој целото млеко се расипува. И на неговиот смртен час, неговата мудрост нема да свети ни колку догорче без пламен, туку смртната ноќ ќе му ја направи уште потемна. Почетокот на мудроста е стравот Господов. Кој не започнал правилно, како ќе заврши правилно? Кој од почетокот тргнал по крив пат, мора да се врати назад и да го фати правилниот почеток, т.е. да чекори со нозете по прав пат. Кој нема страв од Бога, тој не може да има љубов кон Бога. Што говориме? Кој нема страв од Бога, тој нема вера во Бога. Најголемите подвижници и самомачители, кои по 40 или 50 години деноноќно се подвизувале, сè до смртта биле исполнети со страв од бога, и тие, најбезгрешните меѓу смртните, на смртниот час извикуваат: „Боже, помилуј ме мене грешниот!“ Стравот од Бога е сол на целокупната побожност. Ако ја нема таа сол, целата наша побожност нема сладост. Стравот од Бога им тежи на колковите, го опашува стомакот, го отрезнува срцето, го зауздува умот, го камшикува самоволието. Каде е покајанието без страв од Бога? Каде е смирението? Каде е воздржанието? Каде е целомудрието? Каде е трпението? Каде се службата и послушноста? О браќа мои, да го целувам овој збор како света вистина: почеток на мудроста е стравот Господов! О Господи сесилен, вкорени го Твојот страв во нашите срца. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин! |
< Претходно | Следно > |
---|