07.06./25.05. |
7.06.2010. | |
![]() Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител – Во Vlll век во времето на острото иконоборство, главата на св. Јован била пренесена во местото „КОмане“, местото на прогонството на св. Јован Златоуст. Но кога престанало иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година чесната глава на св. Јована била пренесена во Цариград и таму положена во придворната царска црква. Свешт-мч. Терапонт еп. Кинарски – Монах и подвижник на островот Кипар; се удостоил со епископски сон, но во времето на гонењето на христијаните се удостоил со уште поголем венец-венец на маченик. Неговото тело почивало во една црква на Кипар. Во време на царот Никифор во годината 806, кога удриле Агарјаните на островот Кипар, светителот му се јавил на старателот на таа црква, му кажал дека неверниците ќе нападнат на Кипар и му наредил неговите мошти да ги пренесе во Цариград. Домаќинот тоа веднаш и го направил. Кога лаѓата со кивотот тргнала по морето било тивко и од кивотот се разлевал благоухан мирис по целата лаѓа и наоколу. Тогаш старателот го отворил кивотот и сите го виделе наполнет со миро излеано од моштите на светителот. Со тоа миро многу болни се помажале и оздравеле. Во Цариград се изградила црква над овие чудотворни мошти, кои продолжиле да им даваат исцеление на сите кои со вера притекнувале кон нив. Со благодатта Божја од моштите на св. терапонт се исцелувале најтешко болни од рак, од фатеност, од крвотечение, од лудило, од слепило, од исушеност и од разни други маки. Св. мч. Пасикарт, Валентион, Јулиј и др. – Римски војници; пострадале за Христа во Доростол, Македонија, околу 302 година. Кога на Пасикарт му пристапил неговиот брат, Папијан, кој отстапил од Христа од страв, и почнал да го наговара да се одрече од Христа и да остане жив, св. Пасикарт му одговорил: „Оди си од мене, ти не си ми брат!“ Пасикарт и Валентион заедно биле исечени. Свети Јулиј на судот рекол: „Јас сум ветеран, 26 години верно му служев на царот, па кога досега сум му бил верен на понискиот како сега да не му бидам верен на повисокиот?“ т.е. на Царот небесен. По тоа Никандар бил изведен пред префектот Масим. Жената на Никандар го охрабрувала да погине за Христа. „Глупава бабо, ѝ рекол налутено Масим, тебе ти е дојдено до подобар маж!“ Жената му одговорила: „Ако ти така мислиш за мене, нареди мене да ме погубат пред мојот маж!“ Со Никандар погинал и Маркијан. Жената негова дошла на губилиштето, носејќи го синот на раце. Маркијан го бакнал својот син и се помолил на Бога: „Господи семоќен, грижи се Ти за него!“ Потоа биле обезглавени и преминале во царството Христово. Св. Филарет вели дека сите овие маченици биле Словени. |
< Претходно | Следно > |
---|