Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 04.06./22.05.
04.06./22.05.
4.06.2010.
Sample Image

Св. мч. Василиск – Роднина бил на св. Теодор Тирон. Бил мачен заедно со Евтропиј и Клеоник. Кога овие последниве двајца биле распнати и издивнале на 3 март, Василиск бил вратен повторно во темницата. Во тоа време се случила смена на царските намесници и Василиск останал долго во темницата. Со солзи се молел Василиск на Бога да не му ја ускрати маченичката смрт. И по долга молитва, му се јавил Самиот Господ Исус, му рекол дека ќе ја исполни неговата желба и го испратил во неговото село да се поздрави со мајка му и брачата. Во тоа време дошол новиот намесник Агрипа и испратил луѓе веднаш да го доведат Василиск во селото. На пат од селото во градот Амасиј, Господ направил преку Својот маченик големи чуда, поради кој многу народ поверувал во Христа. Агрипа му наредил на маченикот да му принесе жртва на Аполон. „Аполон значи губитник“, рекол Василиск и со усрдна молитва го сронил идолот во прав и со небесен оган го изгорел храмот. Исплашениот Агрипа го припишувал сето тоа на магии и наредил, па на Василиск со меч му ја пресекле главата. Во тој момент Агрипа полудел и во лудилото отишол на губилиштето, нашол малку крв на маченикот во правот и ја ставил на себе под појасот и оздравел. Кога дошол присебе, тој се крстил. Подоцна некој Марин, комански граѓанин (Комани се викало местото на погубувањето на Василиск) подигнал црква кај моштите на маченикот, во која многу болни наоѓале исцеление.

Св. мч. Јован Владимир крал српски – Потекнува од кнежевскиот род од Захум. Дедо му се викал Хваламир, а татко му Петрислав. Како владетел бил мудар, милостив, кроток, девствен и храбар. Усрдно Му се молел на Бога и со драга волја ѕидал цркви и ги помагал. Но имал тешки борби и одвнатре и однадвор, одвнатре со еретиците и со богомилите, а однадвор со завојувачите: цар Самуил и цар Василиј. Самоил со измама го заробил и го фрлил во темница. Кога бил во темницата, му се јавил ангел Божји и му претскажал дека скоро ке биде ослободен од темницата, но сепак дека ќе заврши како маченик. Запознавајќи го подобро, Самуил го засакал и му ја дал својата ќерка Косара за жена. Кога умрел Самуил, се зацарил неговиот син Радомир. Но дволичниот брат на Радомир, Владислав, го убил Радомира, па потоа со измама го повилал Владимира па и него го исекол во 1015 година. Моштите на овој свет крал-маченик почиваат нетлено во неговиот манастир Елбасан и на нив низ вековите се случувале и ден-денешен се случуваат многубројни чуда. Во 1225 година била подигната црква на овој крунисан маченик кај манастирот „Св. Наум“, како на ктитор на овој славен манастир.

Втор вселенски собор – Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор бил свикан во 381 година во Цариград да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Кого криво учел тогашнот патријарх Цариградски Македониј. Овој духоборен патријарх учел дека Светиот Дух е твар Божја, а не божествена ипостас рамна на ипостасот на Отецот и Синот, а еднобитна со Овие. Македониј бил осуден од соборот, а Никејскоит Символ на верата би уште дополнет со учењето за Светиот Дух.

Св. праведен Малхиседек цар Салимски – Современик на праотецот Авраам. По зборовите на апостол Павле, тој, како цар и свештеник, бил праобраз на Господа Исуса Христа (Евр.7).

Р А С У Д У В А Њ Е

Како Мојсеј можел да пости 40 дена? Како многумина христијански подвижници можеле да живеат, и тоа долговечно, во крајна воздржаност од јадење и пиење? На телесниот човек, кој не знае за духовен живот, тоа не е можно да верува. Не е можно и да му се докаже, бидејќи да се сфати тоа се постигнува само со пример. Кога св. Василиск го држеле мачителите три дена без храна и без вода, па потоа му понудиле да јаде, тој одбил велејќи дека не е гладен. „Јас сум, рекол, исполнет со бесмртна храна и не сакам да примам смртна. Вас ве храни земниот леб, а мене небесното слово Божјо; вас ве весели виното, а мене благодатта од Светиот Дух; вас ве заситува месото, а мене постот; вас ве поткрепува телесната сила, а мене Крстот Христов; вас ве краси облеката, а мене добродетелта; вие се веселите со смеа, а јас се утешувам со духот преку молитвата“. Еве човек, еден од многумината, на кого се потврдиле зборовите Христови: „Не живее човекот само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Мт. 4:4).

Б Е С Е Д А

за човечките тела како храмови

Зошто браќа, нашите тела постанале храм на Светиот Дух? Затоа што сме платени скапо. Господ Христос нè не платил со Своите грижи, со трудот, маките и смртта. Заради таа цена ние сне се удостоиле да бидеме храм на Светиот Дух.

Но некој ќе рече: „Таа цена е одамна платена а ние живееме 20 столетија потоа?“ Сеедно, цената не е платена за едно време и за едно поколение, туку за сите времиња и за сите поколенија од Адама до страшниот суд. И ако уте на Земјата се родат милијарди и милијарди човечки битија, за сите нив цената е веќе платена. Цената е толку богата и голема што кога и целата морска песок ќе се претвори во луѓе, таа би била доволна

Од овој момент, браќа, нашите тела постануваат храмови на Светиот Дух? Од моментот на крштевањето. Цената е платена за сите луѓе, но храмови на Светиот Дух постануваат само оние кои ќе се крстат.

Каква е поеледицата, браќа, од тоа што Светиот Дух живее во нас? Последицата е таа што ние повеќе не сме свои. Кога Светиот Дух ќе се всели во нашите тела, тогаш Он  е господар на нас, а не ние на Него, ни над себеси. Тогаш ние сме, браќа, своина на Бога Светиот Дух.

А што значи тоа, браќа, дека на Тајната вечера, кога Господ му ги изми нозете и на Јуда и кога и Јуда го прими од Господа касајчето леб, тогаш, се вели, влезе во него сатаната (Јн. 13:27). О страшни зборови! О страшна казна за богопредавството! Но значи ли тоа, браќа, кога и ние ќе се одречеме од Бога, Кој нас нè очистува и нè храни, дека Духот Божји излегува од нас и на негово место се вселува сатаната? О какви тешки значења! О какви грозни опомени на сите нас крстените! Светиот Дух се вселил во нас на крштевањето и си направил од нас храм за Себе. Но Светиот Дух не престојува во нас насилно, туку според нашата добра волја. Ако се огрешиме против Него, Он се иселува од нас; наместо Него влегува сатаната и нашиот телесен храм се претвота во свињарник.

О Духу, Свети и Себлаги, не оставај нè нас. Смилувај се и опрости ни. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин!

 
< Претходно   Следно >