Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Божествена Литургија - Св. Талалеј
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Божествена Литургија - Св. Талалеј
2.06.2010.
Sample Image    Sample Image
 
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот маченик Талалеј, кој маченички пострада заради Христа во 284 година, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „Св. Никола“ во Башино село, крај Велес. Литургија ја отслужи парохискиот свештеник Јованче Илиев во сослужение на ѓаконот Влатко Стоименов.

На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Башино село, Велес и околните места кои традиционално овој ден соборно и молитвено го прославуваат присуствувајќи на Светата Литургија.   

 Sample Image   Sample Image

  Sample Image   Sample Image

Светиот маченик Талалеј

Родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповеда својата вера во Господ Христос пред мачителот, овој им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова мачителот помисли дека тоа го направиле намерно и нареди да ги бијат. Тогаш Александар и Астериј повикаа: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ Кога го чу ова, мачителот нареди и ги убија со меч. Тогаш самиот мачител зеде сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеа, па мораше да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го стори со молитва. Потоа го фрлија во вода, но тој жив му се јави на мачителот. (Зашто Талалеј во себе Го молеше Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките.) Кога го фрлија на ѕверовите, тие се умилкуваа околу него и му ги лижеа нозете. Најпосле беше убиен со меч и се пресели во Царството Небесно, во 284 година.

 
< Претходно   Следно >