31.05.2010. |
На ден 30.05.2010 година, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во склоп на соработката помеѓу Повардарската епархија и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес се изведе еднодневна екскурзија. Во еднодневната екскурзија беше предвидена и остварена посета на Зоолошката градина во Скопје и црквата „Св. Андреј“ на Матка. Дечињата беа придружувани од своите родители, а претставик од Повардарската епархија беше отец Ангел Станчев од Велес. Ова е втора по ред екскурзија што се изведуваво склоп на оваа соработка, а вакви слични дружења ќе се изведуваат и во иднина.
|