Осветување на црква |
17.05.2010. | |
![]() ![]() На 16. 05. 2010 година, Недела на Светите Отци, св. мч – ци Тимотеј и Мавра, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, го освети новоизградениот манастир посветен на Пресвета Богородица – Источен Петок Балаклија, во месноста Марена - Злетово, метох на Лесновскиот манастир.
По осветувањето на црквата, Неговото Блаженство, во сослужение на присутните митрополити, чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија. |
< Претходно | Следно > |
---|