Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 11.05./28.04.
11.05./28.04.
11.05.2010.
Sample Image

Св. апостоли Јасон и Сосипатар, и девицата Керкира-првите двајца биле од седумдесетте апостоли, а последнава била ќерка на некој цар од островот Крф. Јасона и Сосипатра ги споменува св. ап. Павле (Рим. 16:21) и ги нарекува свои роднини. Св. Јасон родум бил од Тарс, како и самиот апостол Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот бил поставен од апостолот Павле за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието, овие двајца апостоли пристигнале на островот Крф каде што каде што успеале да изградат црква во имети на св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на тој остров ги фрлил во самица, во која биле затворени 7 разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Овие седуммина апостоли ги превеле во верата Христова и од волци ги направиле јагниња. Слушнувајќи за тоа, царот наредил тие седуммина да се убијат со смрт во врела смола. И така, тие примиле маченички венец. Кога потоа царот ги тормозел апостолите, неговата ќерка, девицата Керкира, ги гледала од прозорецот маките на тие Божји луѓе, па дознавајќи поради што ги мачат, и самата се прогласила за христијанка и им ги раздала сите свои накити на сиромасите. Царот се разгневил на својата ќерка, и ја затворил во посебна самица, па бидејќи не успеал со тоа да ја одврати од Христа, наредил та ја запалиле самицата. Самицата изгорела, но девицата останала жива. Гледајќи го тоа чудо, многу народ се покрстил. Разјарениот цар тогаш наредил ќерка му да ја приврзат на дрво и со стрели ја убиле. Оние што поверувале во Христа, избегале од страшниот цар на блискиот остров и се скриле. Царот тргнал со лаѓа да ги фаќа, но лаѓата потонала во морето и така нечестивиот цар загинал како некогаш фараонот. Новиот цар ја примил верата Христова, се крстил и го добил името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедале Евангелието и ја утврдувале Црквата Божја на Крф до длабока старост. Тука и го завршиле својот земен живот и се преселиле во дворовите на Господа.

Св. мч-ци Максим, Дада и Квинтилијан-пострадале во времето на Диоклецијан. Биле мачени и судени од војводата Тарквинијан. После самувањето и мачењето, биле исечени со меч.

Св. мч. Тибал-Словен од Панонија. Во времето на Диоклецијан бил страшно мачен за верата Христова и пострадал во местото Цибал.

 
< Претходно   Следно >