




|
Мисионерско-хуманитарната дејност на Скопската и Повардарската Митрополија во рамките на своето дело на служење организира групно крштевање на возрасни (над 14 години) во манастирот „Св. Богородица“ на Матка и во водите на реката Треска. Крштевањето ќе се изврши на 4 септември 2010 година (сабота), во присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан. Крштевањето ќе го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Контакт: 075/ 542-576 и 071/992-136 e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете |
|
| Повеќе... |
| Согленски манастир |
|
Манастирот посветен на Рождеството на Мајката Божја , Пресвета Богородица во селото Согле, попознат меѓу народот и како Согленски манастир, уште познат и по чудотворната икона на Мајката Божја – Согленска, која непрестајно прави чуда до ден денес, по милоста Божја и по молитвите на Пресвета Богородица почна да се возобновува со изградба на конак и реновирање на манастирската црква. Поради немање доволно средства за доизградба градежните зафати се изведуваат со бавно темпо, затоа се замолуваат сите православни христијани кои живеат во Република Македонија и дијаспората, како и сите други народи кои живеат во Македонија да помогнат и да се вклучат во апелот за доизградба на манастирот и враќање на истиот сјај кој манастирот го имал низ вековите. Мислоста Божја да дојде на вас. Со сесрдност Ви благодариме. Ж-сметка: 200001638072457 – Стопанска банка Братство на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ Согле.
![]() ![]() ![]() ![]()
|
| Следно > |
|---|
| За православната вера и живот... |
| Историја на Македонската Православна Црква |
| Против сектите |
| Големи православни празници |


