Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 10.05/27.04
10.05/27.04
10.05.2010.
Sample Image

Св. ап. Симеон-еден од седумдесетте апостоли. Бил син на Клеопа, а Клеопа, пак, бил брат на Јосиф старателио на Пресвета Богородица. Видувајќи ги чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, Симеон поверувал и бил вброен во седумдесетте апостоли. Со голема ревност и храброст тој го проповедал Евангелието Христово насекаде по Јудеја. A kога злобните Евреи го убиле Јакова, братот Господов и првиот епископ на Црквата Ерусалимска, туркајќи го од голема височина и удирајќи го со стап по главата, тогаш овој Симеон, роднина на Јаков, бил поставен за епископ во Ерусалим. И тој, како втор епископ во светиот град, управувал со Црквата Божја со мудрост и сила сè до длабока старост. Имал повеќе од 100 години кога пострадал. А неговото страдање било вака: во времет на царот Трајан било подигнато двојно гонење во Палестина на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвиниле Симеона и за едното и за другото. Свети Симеон претрпел големи маќи и најпосле бил распнат на крст, како и неговиот Господ на Кого верно Му служел на Земјата.

Преп. Стефан еп. Владимирски-ученик на св. Теодосиј Печерски. Стефан некое време бил игумен на Печарската Лавра и се потрудил мошне околу благочиното устројување на монашкиот живот и околу украсувањето на храмовите. Но непријателот разгорел злоба кај монасите против него, та не само што го исфрлиле од игуменството туку и го протерале од манастирот. Но Бог, кој не го остава праведникот долго под понижување од неправедник, го управил животот на преподобниот Стефан така, што тој бил избран за епископ Владимирски. Како архиереј Божји, Стефан управувал со Црквата до својата старост и мирно се упокоил во Господа во 1094 година.

Запалување на моштите на св. Сава архиеп. Српски-телото на св. Сава било погребано во Мислешево. Во времето на турската тиранија српскиот народ се собирал над моштите на својот светител да бара утеха и лек. Плашејќи се од тоа место да не се крене бунт против Турците, Синан0паша Белградски, наредил моштите на св. Сава да се пренесат во Белград и таму биле запалени, на Врачар, на 27 април 1594 година. Но, со запалувањето на моштите на светителот, кој останал жив пред престолот Божји на небесата и во срцето на својот народ на својата земја.

Преп. Јован Исповедник-игумен на манастирот на Чистите ( Катарите ). Овој манастир бил построен близу до Никеја во времето на царувањето на Јустин, во Vl век. Поради почитивањето на иконите и одбраната на иконопчитувањето, Јован пострадал многу од царот Лав и од Теофил. Го завршил својот живот во прогонство, околу 832 година.

 
< Претходно   Следно >