Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 07.05./24.04
07.05./24.04
7.05.2010.
Sample Image

Св. мч. Сава Стратилат-Во времето на царот Аврелијан овој славен Сава живеел во Рим и имал војводски чин. По потекло бил од готското племе. Често ги посетувал христијаните по самиците и им помагал со својот имот. Поради големата чистота и постот, му се дала од Бога власт над нечистите духови. Кога бил обвинет како христијанин, тој смело застанал пред царот, ги фрлил пред него своите војнички појаси и јавно Го исповедал Христа Господа. Бил мачен со разни маки, биен, со железо стружен, со свеќи горен. Но тој не им подлегнал на тие смртоносни маки, туку се јавил жив и здрав. Неговите другари, војници, видувајќи, дека Бог очигледно му помага на Сава, ја примиле верата Христова. Тие, 70 на број, веднаш, по наредбата на царот, биле исечени. На св. Сава во самицата му се јавил Самиот Христос Господ во голема светлина и го крепел Својот маченик. Потоа Сава бил осуден на смрт со потопување во вода. И бил фрлен во длабока река, во која Му ја предал душата на Бога во 272 година. И душата му отишла кон Господа, на Кого верно Му останал во многуте маки.

Преп. Елисавета-во раната младост стапила во монаштво во манастирот на св. Козма и Дамјан во Цариграт и примила на себе тежок подвиг заради Христа Бога и зради својата душа. Себе се сметала за невеста Христова, а овој свет како и непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегувало и големо милосрдие кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот, којшто Бог и го дал, таа исцелувала разни болести и разни маки на луѓето. На нејзините ноќни молитви ја видувале целата осветлена со небесна светлина. А по смртта, и моштите и биле целибни, та на нејзиниот гроб низ вековите се стекувале мноштво болни и страдалници. Се упокоила мирно и преминала во вечната радост на својот Господ во 540 година.

Св. мч-ци Евсевиј. Неон, Леонтиј и Лонгин-овие четворица биле војнички другари на св. Георгиј. Видувајќи го храброто трпение и чудата на св. Георгиј, овие прекрсни војници станале христијани, поради што биле исечени.

Св. мч-ци Пасикрат и Валентин – кога судијата го наговарал Пасикрата да им принесе жртва на идолите, а исто така и братот на маченикот Папијан, кој отпаднал од Христа поради страв од мачења, тогаш Пасикарт ја ставил својата рака во огнот и извикал:„Телото е смртно и со оган изгорува, но душата е бесмртна и не ги чуствува видливите маки“. Мајка му, пак, многу го подржувала и го храбрела да истрпи до крај. Бил исечен со Валентин, и обајцата се преселиле во Царството Христово околу 228 година.

Преп. Тома Јуродив-било кога, кога бил по манастирска работа во градот Антиохија, овој Тома се правел луд заради Христа. Некој Анастасиј не сакал да му ја даде бараната милостиња за манастирот, туку му удрил шлаканица. Тогаш Тома прорекол:„Одсега ниту јас ќе примам нешто од Анастасија, ниту Анастасиј ќе може нешто да даде“. После еден ден умрел Анастасиј, а и Тома при повратокот во манастирот издивнал. И така се извршило пророштвото на овој свет човек. Свети Тома се преставил во Лафна, крај Антиохија, во времето на патријархот Домин ( 546 – 560 ).

Св. новомач-ци Лука и Никола-прекрасното момче Лука, кројач по занает, пострадал за Христа во 1564 година, а Никола во 1776 година.

 
< Претходно   Следно >