Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 06.05./23.04.
06.05./23.04.
7.05.2010.
Sample Image

Св. вмч. Георгиј – овој славен и победоносен светител бил роден во Кападокија како син на богати и благочестиви родители. Татко му пострадал за Христа и мајка му се преселила во Палестина. Кога пораснал, Георгиј отишол во војска, каде во својата дваесетта година достигнал до чин трибун и како таков бил на служба кај царот Диоклецијан. Кога овој цар го почнал страшното гонење на христијаните, Георгиј излегол пред него и одважно исповедал дека и тој е христијанин. Царот го фрлил во самица, наредил нозете да му се стават во клада, а на градите тежок камен. Потоа наредил, та го врзале на колце, под кое имало штици со големи клинци и така да го вртат додека целото тело не му стане како една крвава рана. Потоа го закопале во ров така што само главата му била надвор од земјата и го ставиле во ровот три дена и три ноќи. Потоа преку некој маѓесник му дале смртоносен отров. Но при сите овие маки св. Георгиј непрестајно Му се молел на Бога и Бог го исцелувал моментално. Го спасувал од смрт на големо восхитување на народот. Кога и еден мртовец со молитва воскреснал, тогаш мнозина ја примиле верата Христова. Меѓу овие била и царската жена Александра, а главниот вражар Анастасиј, и земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терина. Најпосле царот ги осудил Георгија и својата жена Александра на исекување со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред исекувањето, а св. Георгиј бил обезглавен во 303 година. Чудата што се случиле на гробот на св. Георгија немаат број. Им нема број ниту на неговите јавувања во сон и најаве на мнозина кои го споменале и ја побарале неговата помош од тогаш до ден-денешен. Разгорувајќи се со љубовта на Христа Господа на свети Георгиј не му било тешко да остави сè заради таа љубов: и чинот, и богатството, и царската почест, и пријателите и сиот свет. За таа љубов Господ го наградил на невенлива слава на небото и на Земјата и со живот вечен во Своето Царство. Уште му дарувал Господ сила и власт да им помага во бедите и неволјите на сите оние што го слават и неговото име го повикуваат.

Св. мч. Лазар Нов- овој новомаченик Лазар бил роден Бугарин од Габрово. Како момче го оставил своето место на раѓање и отишол во Анадолија. Во некое село, Сома, Лазар чувал овци. Но како христијанин предизвикал гнев кај Турците против себе и бил фрлен во самица од некој ага. По долгите мачења и нечовечки тормозења, кои Лазар јуначки ги поднел од љубов кон Христа, овој млад маченик бил убиен на 23 април 1802 година, во својата 28 година. Господ го примил во Своите вечни дворови и го прославил на небото и на Земјата. Над моштите на св. Лазар се случиле многубројни чуда.

 
< Претходно   Следно >