Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен-темелник на конак - 25. 08 2007
25.08.2007.

   

 

 



     На празникот на Светите маченици Аникита и Фотиј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво отслужи Света архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во манастирот „Св. Богородица“, кој се наоѓа во непосредна близина на селото Согле, Велешко.

 Во своето слово, изречено на Божествената литургија Митрополитот Агатангел им порача на присутните верници да бидат постојани во молитвите кон Седржителот Господ Бог, но и во молитвите упатени кон Него да искажуваме и благодарност за добрите работи во нашиот живот, а не само молитвено да бараме Бог да ги услиши нашите желби. Митрополитот Агатангел, уште еднаш, како и во многу негови беседи претходно, не потсети да ја намалиме гордоста во нашите човечки срца, бидејки е таа врата кон гревот, да бидеме милостиви кон нашите ближни, за да слезе врз нас Божјата благоддат и убавина.


   Sample Image Sample Image

По завршувањето на Светата Божествена Литургија, Митрополитот Повардарски и присутните свештеници пристапија во дворот на манастирскиот комплекс „Св. Богородица“, каде на местото на старите и урнати манастирски конаци осветија камен темелник на нови конаци. Новите манастирски конаци ќе бидат со капацитет од околу 60 места, а ќе се градат со финансиски средства од Повардарската епархија, како и од донации на верниците.

 

 

Sample Image
 
   
Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image

 


 

Sample Image
 
 Sample Image
 Во манастирскиот комплекс „Св. Богородица“ од неодамна се сместени двајцата расофорни монаси Филотеј и Никифор, кои со Божја помош и благодат треба да го раздвижат монашкиот живот во Повардарската епархија. 
 
Sample Image
 
 Sample Image

 

 

 
< Претходно   Следно >