Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ѓаконија - Велес

Мисионерско-хуманитарната дејност на Скопската и Повардарската Митрополија во рамките на своето дело на служење организира групно крштевање на возрасни (над 14 години) во манастирот „Св. Богородица“ на Матка и во водите на реката Треска. Крштевањето ќе се изврши на 4 септември 2010 година (сабота), во присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан. Крштевањето ќе го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.

Контакт: 075/ 542-576 и 071/992-136     e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете          e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Повеќе...
 
Ѓаконија - Велес
Sample Image

 

За подвигот на служењето

(Што е и зошто постои мисионерско-хуманитарната дејност Ѓаконија)

 

Самиот зборот „Ѓаконијазначи да служиш некому, односно активно и жртвено да ја изразуваш својата љубов и своето милосрдие кон некој што има потреба од заштита, помош, поткрепа или духовно насочување.

          Самото име на нашата дејност ја објаснува и смислата на нашето постоење. Ние го прифаќаме служењето како начин преку кој можеме да им помогнеме на сите наши браќа и сестри кои страдаат во овој свет. На подвигот на служење нè научи, но и непрестано нè усовршува најголемиот Слуга, нашиот Творец, Учител, Спасител и непресушен љубовен Извор, нашиот триличносен БогОтецот и Синот и Светиот Дух.

Sample ImageНие од мисионерско-хуманитарната дејност Ѓаконија подвигот или делото на служење условно го делиме на два основни дела: мисионерски и хуманитарен. Како што секоја личност има своја душа (внатрешен човек, духовна суштина) и свое тело (од Бога устроена материја) и потреба од грижа и храна и за едното и за другото, така и ние се грижиме за обете компоненти на човековото битие. За првата, духовната компонента, се грижиме преку нашата мисионерска дејност, односно со делото на служење преку лично сведочење за Христовото евангелие. А за втората, материјално-социјална компонента, се грижиме преку хуманитарната дејност, односно со делото на милосрдно љубовножртвено служење на ближниот.

Sample ImageСо мисионерската активност се трудиме на секоја личност која го бара Бога да и помогнеме во процесот на нејзиното духовно будење, растење и одење по патот на спасението. Живееме во време кога голем дел од луѓето не се доволно информирани, а камоли воведени во Божјото откровение и во животот на Црквата. А и во самата Црква имаме луѓе кои повеќе се традиционални и формални членови, а не живи Христови ученици. За да помогнеме на тоа поле, наши приоритетни задачи се живите лични контакти, но и издавањето на книги и списание, организирањето на предавања, трибини и богословски семинари. Наша цел е да помогнеме во богословскиот, парохискиот и литургискиот препород на нашата помесна македонска православна Црква.

          Sample ImageНа хуманитарен план се трудиме да им помогнеме на оние наши браќа и сестри кои се на маргините на општеството поради својата материјална немаштина. За тие луѓе организираме и црковни кујни (трпези на љубовта) во Велес црковно-народната кујна во месноста Дворови, во која дневно се хранат повеќе од 200 луѓе, потоа во парохиските цркви Св. Петка и Св. Петар и Павле во Скопје. Нашата помош не завршува само на тоа. На многу социјално загрозени семејства, стари и изнемоштени лица и деца без родители им помагаме со пакети со прехрамбени производи и најнужни средства за лична хигиена. Дејноста ја насочуваме и како помош на сиромашните повеќедетни христијански семејства, а и на оние личности кои страдаат поради лош сплет на околности. Активно се вклучуваме во борбата против наркоманијата, алкохолизмот, пушењето и сите пороци кои негативно влијаат на здравјето на личноста, но и на нејзиниот духовен раст и смисла на живеење.

          Ние во Ѓаконија знаеме дека нема да ги решиме проблемите на секојдневието на овие наши простори, но сметаме дека наша света должност и одговорност како Христови ученици и православни христијани е да се обидеме со подвигот на служење да помогнеме, и ако ништо друго, а мислиме дека и тоа не е малку, барем во човечките срца и умови да ја запалиме искрата на љубовта за да ја разберат тајната на служењето.

 


Членовите на Ѓаконија своето дејствување во ова здружение го гледаат како составен дел од својот духовен живот во Црквата и како пат кон своето лично спасение, прочистување и усовршување. Подвигот на служењето е еден вид испит на квалитетот на нашиот духовен живот. Со нашето служење сакаме да го актуелизираме преданието и животот на ранохристијанската црковна заедница во нашите современи животни услови.

 

 Мисионерско-хуманитарната дејност на Скопската и Брегалничката епархија на Македонската Православна ЦркваЃаконија почна да дејствува од 1998 година со благослов на Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Михаил. Нејзиното организационо-координативно и извршно тело го раководи и духовно надгледува Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, митрополит Брегалнички.

 

 

Како членови на Црквата, на Христовото семејство, како православни христијани, и вие можете да се вклучите во ова дело на служење и духовна преродба на нашата Црква со ваша лична помош, молитва или доброволен прилог.

 

 

          Вашите средства ќе помогнат:

-        за повеќе храна, облека, лекови,

-        за повеќе предавања, трибини, семинари,

-        за повеќе книги, брошури, списанија

 

 

Адреса за контакт:

 

Мисионерско-хуманитарна дејност Ѓаконија,

Повардарска епархија,

ул. Ѓоре Органџиев бб,

1400 Велес, Република Македонија

email: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

Телефони:

Митрополит г. Агатангел (за мисионерска дејност)          043/ 221 231

Отец Ангел Станчев (за хуманитарна дејност)                  043/ 529 298

 

Жиро сметка: 210063613820140

Тутунска банка


 
< Претходно   Следно >
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 

Sample Image

 

Sample Image

Sample Image

 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 

Галерија на икони

  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator