27.04./14.03. |
28.04.2010. | |
Св. Мартин Исповедник, папа Римски – Постанал папа на 5 јули 649 година, токму во времето на жолчната расправа на православните со еретиците – монотелитите. Тогаш царувал Констанс ll , внук на Ираклиј, а патријарх Цариградски бил Павле. Да би воспоставиле ред во Црквара, самиот цар ја напишал книгата,, Гипос”, која им била мошне по волјата на еретиците. Папата Мартин свикал собот од 105 епископи, на кој бил осудена оваа книга на царот. Во истото време папата му напишал писмо на патријархот Павле, молејќи го да се држи до чистата православна вера и да го советува царот да се откаже од еретичките мудрувања. Тоа писмо ги разлутило, и патријархот, и царот. И царот испратил некој војвода, Олимпиј во Рим, да го доведе папата врзан, но наговорил еден војник со меч да го убил в црква. Кога војникот влегол во црквата со скриен меч, наеднаш ослепел. Така, со промислата Божја, Мартина ја избегнал смртта. Во тоа време Сарацените напаѓале на Сицилија и војводата Олимпиј отишол во Сицилија каде што и умрел. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испратил друг војвода, Теодор, да го врзе и доведе под тужба дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не ја почитува Пречистата Богомајка. Кога војводата дошол во Рим и ја прочитал тужбата протипапата, овој одговорил дека тоа е клевета, дека тој нема никаква заедница со Сарацените, противниците на христијанството, ,, а ако Пречистат Богомајка не ја почитува, не ја исповеда и не и се поклонува, да биде проколнат и на овој и на оној век”. Но тоа не ја изменило одлуката на војводата. Папата бил врзан и донесен во цариград, каде болен-преболен лежел долго во самица, мачен со притисок и глад додека најпосле не бил осуден на прогонство во Херсон. Таму поживеал две години и завршил предавајќи Му ја својата душа на Господа, заради Кого многу пострадал во 655 година. На две години пред него, умрел раскајаниот Павле. И кога царот го посетил пред смртта, тој ја завртел главата кон ѕидот и плачел исповедајќи се дека многу грешел против папата Мартин, молејќи го царот да го ослободи Мартина.
Св. мч-ци Антониј, Јован и Евстатиј – Сите тројца биле најпрво незнабожци поклоници на огнот. Биле слуги на дворот на литовскиот кнез Олгард во Вилна. Порано се именувале: Круглец, Кумец и Нежил. Сите тројца биле крстени од свештеникот Нестор. Сите тројца биле обесени еден по друг, на еден ист даб, во 1347 година. Тој даб христијаните го исекле и изградиле црква во слава на Светата Троица, во која ги подложиле чесните мошти на мачениците, а од трупот на дабот направиле чесна трпеза. Нивните мошти се во Вилна. Св. мч. Ардалион Глумец – Прво бил актер-комедијант. Заради развеселување на народот, тој најрадосно ја играл улогата на маченик за верата, исмејувајќи ги христијаните на сите можни начини. Но кога настанало гонењето на христијаните во времето на Максимијан, неговиот дух потполно се изменил. Тој пред народот велегласно извикал дека е христијанин и дека не се шегува. Поради тоа Ардалион бил осуден и пострадал за Христа, умрел приврзан на вжарена железна леса, одигрувајќи ја така вистинската и чесна улога на маченик. Р А С У Д У В А Њ Е „ На монахот му приличи да го љуби Бога како син и да Му се плаши како роб“, вели св. Евгариј. Се разбира, тоа му доликува на секој христијанин, макар тој и да не е монах. Голема уметнос е да се соединат љубовта кон Бога и стравот од Бога. И многу други свети отци кога и да зборуваат за љубовта, истовремено го спомнуваат и стравот, и обратно. Св. Златоуст во својата беседа „ За совршената љубов“ зборува во исто време за казна и за пеколни маки. Зошто? Затоа што и големата човечка љубов кон Бога без страв преминува во гордост, а големиор страв, без љубов, одведува во очајување. С О З Е Р Ц А Н И Е Да го набљудувам воскреснатиот господ Исус, и тоа: 1. како им се јавил на учениците на брегот на езерото и ги нарекол:„деца“; 2. како повторно им ја наполнил мрежата со риби и тие Го познале, но не смееле да прашаат: „Кој си ти?“ Б Е С Е Д А за личното искуство на сите апостоли Еве каква е апостолската проповед! Апостолите не говорат како светски мудреци, ниту како филозофи, а најмалку како теоретичари кои создаваат претпоставки за нешто за да пронајдат нешто. Тие говорат за работи што тие не ги барале, но кои неочекувано ги опкружиле, за фактот, кога тие не го пронашле, туку кој нив, така да се рече, одненадеж ги нашол. Тие не се занимавале со духовни истражувања, ниту изучувале психологија, ниту, пак, уште помалку, се занимавале со спиритизам. Нивното занимање било риболов, едно сосема чуствено, телесно занимање. И кога ловеле риби, на ним им се јавил Богочовекот и бнимателно и полека започнал да ги воведува во едно ново занимање, во служба на Себе. Тие не Му поверувале веднаш, туку уште повнимателно и пополека, со страв и неверие, и со многу колебања, приоѓале кон Него и Го распознавале додека многупати не виделе со свои очи и додека многупати не разгледале и со рацете не опипале. Нивниот доживеан факт е натприроден, но нивната метода за распознавање на тој факт е сосема е чувствен и позитивно научен. Ниеден модерен научник не би можел да се послужи со попозитивна метода во запознавањето на Христа. Апостолите не виделе едно туку многубројнин чуда; тие слушнале не само една поука, туку толку поуки што не би можеле да се напишат во многу книги; тие Го гледале Воскреснатиот Господ полни 40 дена, со Него оделе, со Него разговарале, со Него јаделе, Него Го допирале. Со збор: тие лично и од прва рака имале илјада чудни факти со кои узнале и утврдиле еден крупен факт, имено : дека е Богочовек, Син на Живиот Бог, човекољубив Спасител на луѓето и Сесилен Судија на живите и мртвите. О Господи воскреснат, утврди не во верата и ревноста на Твоите апостоли. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин!
|
< Претходно | Следно > |
---|