Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 23.04./10.03.
23.04./10.03.
23.04.2010.
Sample Image Св. мч-ци Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останати 36 со нив

Пострадале за Христа и биле овенчани со венец на славата во времето на царот Декиј. По наредбата на царот, намесникот на Африка му објавил на цел народ дека сите мора да им принесуваат жртви на идолите, во спротивно намесникот се заканувал со страшни мачења за секој упорен. Слушнувајќи за овие закани, мнозина отпаднале од верата и им се поклониле на идолите. Но овие 40 маченици останале непоколебливи, поради што биле подложени на мачења. Св. Теренциј ги храбрел своите другари со зборовите: ,,Да се чуваме, браќа, да не се одречеме од Христа нашиот Бог, та и он од нас да не се одрече пред својот Отец небесен и пред светите ангели! Намесникот ги разделил во две групи: триесет и шестмина, после биењетои стружењето и посипувањетосо сол на отворени рани, ги исекол со меч. А првите четворица, ги фрлил во самица со тешки вериги на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јавил во самицата, ги допрел веригите на окованите и веригите паднале. Потоа ангелот им поставил обилна трпеза и ги нахранил. Повторно биле изведени и мачени и повторно ставени во самица. Наредникот уште им наредил на бајачите да соберат што повеќе отровни гадинки, како змии и скорпии, и да ги затворат во истата одаја со мачениците. Но гадинките не сакале да се допрат до Божјите угодници, туку се собрале во еден агол и тука поминале три дена. Кога третиот ден била отворена самицата, гадинките се пуштиле на бајачите и гатачите и ги искасале. Најпосле намесникот изрекол смртна пресуда над четворицата маченици. Кога ги повеле на губилиштето, тие радосно пееле псалми и Го фалеле Бога, Кој ги удостоил со маченичка смрт. Чесно пострадале и за Царството се удостоиле во 250 година.

Св. 6000 маченици во Грузија- Во Давидограгевиската пѕстина во Грузија имало 12 манастири, во кои со векови се подвизувале многу иноци. Во 1615 година во Грузија нападнал шахот Аббас l и сета ја опустошил и безброј христијани исекол. Еднаш, одејќи на лов, во самото разденување на Велигден, тој видел во планината многубројни светилки. Тоа биле иноците од сите 12 манастири во литија околу црквата на Воскресението Христово со свеќи во рацете. Кога дознал шахот дека тоа се монаси, прашал со чудење: ,, Зар не е уште цела Грузија предадена на меч? и им наредил на војниците веднаш да одат и сите монаси да ги исечат. Ангел Божји му се јавил на игуменот Арсениј и му ја објавил блиската смрт. Арсениј им го соопштил тоа на сите браќа. Сите се причестиле со пречистите тајни и се подготвиле за смртта. Тогаш дошле напаѓачите и го исекле прво игуменот, кој прв пред нив излегол, а потоа и сите други. Чесно пострадале сите и со хеувенливи венци се овенчале во 1615 година. Така се завршила историјата на овие познати манастири, кои низ повеќе од илјада години служеле како огништа на духовна просвета на Грузијците. Денес има само уште два:  на св. Давид и на св. Јован Претеча. Грузискиот цар Арчил ги собрал сите маченички мошти и чесно ги погребал. Тие мошти и до ден-денешен испуштаат целебно миро и ги исцелуваат болните.

 
< Претходно