12.04.2010. |
На втората недела по Пасха, посветена на Светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Валандово. На Литугијата сослужуваа повеќе свештенослужители од гевгелиското епархиско намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници, од кои повеќето застанаа да примат Света Причест. На Литургијата беше донесен благодатен оган од Ерусалим, од кој присутните верници може да запалат свеќи и да ги понесат во своите домови за здравје и спасение.
|