На Преображение на Господ Исус Христос |
20.08.2007. | |
На 19 август, ден недела, на Преображние на Господа Исуса Христа, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенството на Повардарската епархија, во Соборниот православен храм „Св. Димитрија” во Кавадарци, отслужи Света архиерејска Божествена Литургија....
На светата Литургија со пригодно слово кон насобраните верници се обрати Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, кој на верниот народ со кротки зборови им го опиша Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици на гората Тавор. Свештениците ги причестија верниците кои влегоа во првата недела од Богородичниот пост, а потоа Митрополитот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето и ги прекршија и благословија празничните лебови.
|
< Претходно | Следно > |
---|