Воскресение Христово |
8.04.2010. | |
Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.
Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“! Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.
Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови. Во неделата утрото, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици. На втор ден Велигден, Митрополитот Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци, а на трет ден Велигден служеше во храмот „Св. Недела“ во село Стојаково. |
< Претходно | Следно > |
---|