Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Распоред на служби за престојните празници
2.04.2010.

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ КАДЕ ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ

 

01.04.2010 год. (четврток) Велики Четврток - Василиева Литургија со општ маслосвет во црквата Свето Вознесение Христово каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.00 часот.

01.04.2010 год. (четврток) Велики Четврток - читање на дванаесете страдални Евангелија во црквата Св. вмч. Пантелејмон каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18.00 часот.

02.04.2010 год., (петок) Велики Петок - Царски часови со Вечерна  во црквата Свето Вознесение Христово  каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.00 часот.

02.04.2010 год., (петок) Велики Петок - Погребение Христово во црквата Свето Вознесение Христово каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18.00 часот.

03.04.2010 год., (сабота) Велика Сабота - Воскресение Христово -Велигден, во црквата Св. вмч. Пантелејмон каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 23.00 часот.

04.04.2010 год., (недела) Воскресение Христово - Велигден, Второ Воскресение - читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата Св. вмч. Пантелејмон каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 09.00 часот.

05.04.2010 год., Воскресение Христово - Велигден (2 ден), во црквата Св. вмч. Димитриј - Кавадарци, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со почеток во 08.00 часот.

06.04.2010 год., Воскресение Христово - Велигден (3 ден), во црквата Св. Недела - с. Стојаково, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со почеток во 08.00 часот.

07.04.2010 год., Благовештение во црквата Св. Богородица - Демир Капија, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со почеток во 08.00 часот.

08.04.2010 год., (четврток) Светол четврток, вечерна богослужба во манастирот Св. вмч. Димитриј - Велес, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со почеток во 18.00 часот.

09.04.2010 год., (петок) Источен Петок - Балаклија, Златоустова литургија во манастирот Св. вмч. Димитриј - Велес, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.00 часот.

11.04.2010 год., Препод. Марко и Кирил; препод. Јован Пустник (Томина недела) во црквата Св. Димитриј - Валандово каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.00 часот.

 
< Претходно   Следно >