Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Св. Агатангел Битолски
12.03.2010.

Sample ImageЗапис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот:


„Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1827, февруари 25“.
Синаксар на празникот на „Св. Агатангел Битолски“

На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата која се отслужи во Соборниот храм „Св. Пантелејмон“ во Велес, сослужуваа сите свештенослужители од градот.

Sample Image   Sample Image
 
 
Со слово до присутните верници се обрати свештеникот Ристе Јанушев, кој го објасни подвигот на светиот новомаченик Агатангел Битолски, и воедно од името на целиот клир на Повардарската епархија му го честиташе името на Митрополитот Агатангел, посакувајќи му уште долги години плодна архипастирска дејност на нивата Господова.
 
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image
 
На многаја лета, Владико свет.
 

 

проповед - отец Ристе Јанушев

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

 

...праведниците живеат довека;

Нивната награда е во Господ, за нив се грижи Севишниот.

Затоа тие ќе го добијат царството на славата

и венецот на убавината од раката Господова.

Тој ќе ги закрили со Својата рака и со Својата десница ќе ги заштити...“

(Мудр. Сол. 5,15-16)

 

За таков еден праведник и новомаченик од нашиот род и народ денес си спомнуваме драги браќа и сестри.  Македонското потекло на Св. Агатангел го наведува јеромонахот Атанасиј Симоно-петрејски во службата што ја составил во чест на овој наш новомаченик.  Имено, во синаксарот пишува: „Во 27-от ден од месец февруари, спомен празнуваме на Светиот и прославен новомаченик Агатангел, од меч пострадан во Битола Македонска, во лето Спасителово 1727. “

Во написот, пак, на кивотот во којшто се чувааат неговите свети мошти, пишува:„ Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1727, февруари 25“.

Овој напис сведочи дека Св. Агатангел многу храбро и решително истапил пред тогашните Христоборни власти, неплашејќи се од нивната моќ, да судат на живот и смрт. Единствена цел му била да ја запре тенденцијата на исламизирање на македонскиот народ, која никогаш не престанала за време на отоманското владеење на овие простори, а само се менувале методите се со цел да се постигне што поголем успех во истата.

Оние што биле лековерни отпаѓале од верата и примале мухамеданство, некои заради приземни наслади и друштвено подобри позиции, но во најекстремните случаи тоа било со присила и тортура, која кулминирала, како што е посочено во конкретниот случај, за време на тридневните бајрамски празнувања на мухамеданците.

Охристовеното срце и Боголиката душа на Св. Агатангел не можеле молкум да ги поднесат овие случувања и затоа, тој несебично и по цена на својот живот застанал да го одбрани Христос Спасителот, кој по никоја цена не смеел да се оттргне од битот на македонскиот народ и неговиот библиски код.

И така, бидејќи делата „Христа ради“ се радост за Бога и радост небоземна, со Божја помош Св. Агатангел издејствувал да запре христоборното безумство на Агарајаните. Но ова, не можеле да го поднесат екстремните антихристијани и нивниот гнев силно се истурил врз светителот.

Тие го погубиле Св. Агатангел во Битола во 1727 г. отсекувајќи му ја со меч главата. Му приготвиле маченичка смрт сакајќи да го уништат незнаејќи дека со тоа го овелковечиле со маченички венец. Заради Христа пострадан, Св. Агатангел денес е наша гордост, молитвено застапништво и благопријатно кадило пред Спасителот.

Возљубени во Христа, браќа и сестри,

Крвта на мачениците и новомачениците, е залог за вечноста и потврда за верата на Македонецот. Вера која дава плодови за восхит и во континуитет ја потврдува својата чистота преку Христоприсутноста во нас и меѓу нас, како во народ Божји. Крвта на мачениците пролеана заради Христа, ја поливаат Црквата македонска како плодородна лоза, која дава изобилни и прекрасни плодови.

Украсена е со венци небесни, со Богоугодници од Духот Свети посведочени, кој на олтарот на мачеништвото го дадоа животот за Христа. Еве, и ние денес, ширум отварајќи ги портите на нашите срца, молитвено и умилно повикуваме од длабочината на нашата душа, кон Св. Агатангел Битолски, кон Св. Ѓорѓи Кратовски, кон Св. Злата Мегленска, кон, сите наши новомаченици и маченици, кон сите наши светии. Заедно со Мајката Божја, бидете наши застапници пред владиката на сите, за да можеме со Негова помош да истрпиме достоинствено до крајот, носејќи го крстот ни Богомудруван. Крстот кој се длабна во нашите народни плеќи, да бидеме неброено пати распнувани заради тоа што сме и затоа што постоиме.

Својот дел од тој крст, ќе треба да го прегрнеме и ние во времето во кое живееме. Светиот Дух изобилно ги излива своите дарови на Црквата и ни дава сигурни кормилари кој ќе не водат низ бурните води на веков што го живееме.

Нема времиња определени за добри дела, ама низ времето секогаш има места населени со Христољупци, спремни да се предадат целосно на Бога и во се да се подредат на волјата Негова. На такви дела ние сае радуваме и денес и го молиме Бога да не умудри и поткрепи за во иднина да ги имаме уште повеќе.

Ваше Високопреосвештенство,

Сите сме сведоици на вашите неуморни заложби во сите сегменти на црковниот живот во Богомдаруватната Ви епархија Повардарска, од првиот ден на вашето доаѓање помеѓу нас. Ги продолживте започнатите градби во црквите на епархијата и отпочнавте со градба на нови, со опсежни и сеопфатни реновирања на повеќе цркви, манастири и параклиси. Се интензивираше црковно-просветната дејност преку издавање на бројна духовна литература и епархиското списание Православна Светлина. Ги направивте првите чекори за заживување на монаштвото во епархијата. Со голема љубов и саможртва, согледувајќи ги потребите на егзистенцијално најзагрозените наши браќа и сестри, отворивте црковно-народна кујна во која бесплатно, секојдневно се хранат повеќе од стотина наши сограѓани.

Вратите на вашиот кабинет се отворени за секој што има потреба да ве види, да поразговара со вас, или макар и само да Ве поздрави.

Не можеме, а да не бидеме благодарни од Вас, после се она што го правите со вашето архипастирско делуивање во епархијата и помеѓу сите нас. Еве, денес, молитвено заедно со вас, сослужувајќи Ви на Литургијата на претходноосветените дарови, Му благодариме на Бога за Неговата промисла да не упати едни кон други.

Да си споменеме за Св. новомаченик Агатангел Битолски, чие име и Вие го носите за да Ви биде поттик и мотив за преуспевање на секоја Богоугодна работа, која по благослов Божји ќе ја работите на нивата Господова.

Од името на свештенството, монаштовото и од името на верниот народ од нашата епархија, Ви посакувам многу здравје, радост, успех и долги години плодна архипастирска дејност.

Високопреосветен владико свет,

На многаја лета.  

 
 
< Претходно   Следно >