Акатист кон Пресвета Богородица |
1.03.2010. | |
На 26. 02. 2010 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Вознесение Христово“ се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмот „Св. Спас“ во Велес. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. |
< Претходно | Следно > |
---|