Мошти на св. Серафим Саровски во Скопје |
9.02.2010. | |
Светите мошти на св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје Оној кој живее свет живот, умира со света смрт! Тагата по вистинскиот живот е онаа која не е од овој свет. Тоа е свет во кој нема болка, туку вечна радост и духобно битисување на Троичниот Бог. И во ова 2010 –то Лето Господово, Бог ни даде нова радост, духовна поткрепа и бескрајна благодат. На 07.02 по благоволението на нашиот духовен отец Партениј и со благослов на блажениот архиепископ наш отец Стефан, светите мошти на милиот ни преподобен св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје на поклонение. Почетокот на литијното поклонение започна од Бигорскиот манастир, со биење на сите камбани, при што светите мошти од отец Партениј беа предадени во рацете на отец Горан. Во Скопје најпрво литијата започна во Македонсата православна богословија “Св. Климент Охридски”, каде што сите богослови светите мошти ги пречекаа на капијата и од таму со литија до параклисот на богословијата. Радоста беше голема! Пред светите мошти прочитавме повечерие со Акатист кон преподобниот. По завршувањето на Акатистот сите богослови бевме помазани со масло од кандилото. Сите се поклонија и ги целиваа светите мошти. Потоа повторно со литија од параклисот до капијата ги испративме, каде што тие заминаа во црквата св. великомаченик Георгиј во Кривидол.
![]() ![]()
Таму се служеше сеноќно бдение. Црквата беше полна со народ, при што и наворешните врати беа отворени. И таму целиот народ беше помазан со масло од кандилото кое стоеше покрај светите мошти...Пред светите мошти се поклони и неговото блаженство, отец Стефан. По завршувањето на бдението, во 04 часот наутро светите мошти повторно беа донесени во параклисот на богословијата и престојуваа до 07 часот наутро. Речиси за сето време во тие утрински часеви се читаше Акатист и се пееја пофални химни кон преподобниот. Во 07 и 30 наутро свечено со литија и со биење на камбаната светите мошти беа донесени во црквата Св. Спас во Драчево, каде што престојуваа за време на утрената и светата литургија. Беа поставени во средината на црквата. Храмот беше полн со народ кои дојдоа да се поклонат на преподобниот. По литургијата целиот народ беше помазан со масло од кандилото и пак со литија беа испратени кон црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче. Таму престојуваа еден час, при што за сето време врвеше верниот народ, поклонувајќи се пред светите мошти и се читаше Акатист. Враќањето на светите мошти во Бигорскиот манастир повторно беа пречекани со биење на сите камбани и беа вратени во црквата на светиот престол. Радоста на сите, на целиот народ беше голема! Сите се радуваа на преподобниот, од радост плачеа и молитви му упатуваа. Секаде каде што пристигаа светите мошти торжествено, молитвено и радосно беа пречекувани. Овој настан на светото поклоние да се запише како сведоштво на сè она кое се случи и да се празнува како спомен на литијното поклонение на светите мошти на св. Серафим Саровски. Амин! |
< Претходно | Следно > |
---|