Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Реакција на Митрополит Агатангел
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Реакција на Митрополит Агатангел
3.02.2010.

 

            По повод Светосавската прослава во Скопје

                 (објавено во „Дневник“  на 03.02.2010 год бр.4181)

Македонија скоро дваесет години, за жал, се соочува со само еден проблем, а тоа е името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Овој бесмислен проблем не е измислица на новите политички елити на нашите соседи, туку тој си ги влече свои корени уште во 19-от век, па преку целиот 20-ти век, сè до денеска. Останатите проблеми (меѓуетнички, меѓуцрковни, па и економски) се само пропратен дел на ова прашање. Македонија и Македонците, од страна на нашите соседски дипломатии, како со менгеме, се силно притиснати од сите можни страни. Црковните стеги, кои како продолжена рака на политиката, широко ги ползуваат за свои потреби нашите внатрешни и надворешни непријатели. Факт е дека, овие стеги, најмногу болат и најмногу фрустрираат од сè, бидејќи се украсени во етичка облека, а оние кои за свои цели ги ползуваат бессрамно го носат Крстот Господов на своето чело и својот авторитет го имаат наследено од прекрасните ликови на Христовите апостоли. Колку е лицемерна оваа борба најдобро ни покажува првата изјава на новиот српски патријарх г. Иринеј, кој најпрво нè опсипа со голема љубов и разбирање, а потоа по неколку реченици ни кажа дека откако ќе си го решиме проблемот што ние сме си го направиле со Вранишковски, ќе можеме да се надеваме и на разрешување на нашето црковно прашање. Замислете, креаторот на монструмот, кој сега со него не знае што да прави, нè повикува, ни криви ни должни, ние да го кротиме. Патријархот на србите, местодобриот пастир“, ни го посочикрадецот и наемникот“.


Според наивната логика на г. Иринеј, народски и упростено кажано, сега ние треба со својот крвник тикви да садиме. Во сета оваа српска бламажа некако природно си се надоврза и водачот на Србите во Р. Македонија г. Стоиљковиќ, кој помалку недоветно се оправдува дека не разбира во што е проблемот со Вранишковски (треба можеби да му се нацрта!), за потоа да додаде дека Србите во Р. Македонија не се идентификуваат со МПЦ, станувајќи со тоа логистика на човекот-црква кој има повеќе владици отколку верници. Веројатно следното што ќе го побара г. Стоиљковиќ од своите коалициони партнери е регистрација на српска црква во Македонија, а ако тоа не му биде удоволено ќе раскажува по целиот свет дека Србите во Македонија се прогонувани и дискриминирани и дека законот за верски заедници не ги обезбедува верските права на македонските граѓани. Ова српско сценарио со грчка вдахновеност е лесно изводливо бидејќи на страната на г. Стоиљковиќ ќе застанат бројнитеексперти-платеницикои раководени од еден центар на тајна дипломатија ќе ја бранат, се разбира, лажната теза дека Македонија е дискриминаторска држава и воедно со тоа ќе ги засилуваат позициите на грчките неофашисти, во поглед на преговорите за разликите околу името на македонската држава. Очигледно е дека г. Стоиљковиќ и неговите подржувачи сепланот Бна српско-грчките интереси. Дамнешната желба на овие држави да граничат меѓусебно, повеќепати во историјата беше осуетена и неостварена. Сигурно се сеќавате на тајните преговори меѓу Милошевиќ и грчките дипломати на почетокот на деведесетите години од минатиот век, сигурен сум дека оваа политичка илузија нема исчезнато од главите на новите српски и грчки властодржци. Формите се менуваат, но суштината останува иста, дури во некој поглед и понастојчива и продлабочена. Стоиљковиќ епланот Би заради тоа што треба да ги залечи раните од неминовното и реално губење на Косово. Македонија и Македонската православна црква се меѓу другото и еден вид компензација за нивната косовска болка. И сè би било толку прекрасно и идилично уредено, да не е тука присутен македонскиот народ, кој многу добро си ги знае своите водачи и своите црковни пастири. Некој оваа работа, очигледно лошо ја пресметал и претпоставил. Отстрана и на сила никогаш не се поставува духовен водач, а најмалку тоа може да биде некој кој дрско, со години, го навредува македонскиот национален идентитет. Негирањето или исмевањето со ваквите прашања се основна грешка во духовниот живот. Христос од нас бара искреност, не можеме да бидеме она што не сме, а уште помалку може лажно да се претставува духовниот водач на еден народ. Г. Стоиљковиќ, во иднина ќе треба да внимава и на една друга работа. Точно е дека живееме во демократско општество, но точно е и тоа дека секое модерно општество си има свои закони. Законите треба да се почитуваат од сите, но најповеќе од оние кои сакаат да се бават со политика. Тој, не треба да заборави дека, седејќи во фотелјите на Македонското собрание, ја јаде потта од Македонецот, што тешко ги заработува своите пари. Па затоа треба да биде многу внимателен, кога се обидува да си игра со македонските национални чувства и со македонската национална чест. Илегалците, кои сака да ги промовира г. Стоиљковиќ, не само што се судрени со законот на оваа држава, туку и стојат надвор од неговите рамки. Г. Стоиљковиќ, очигледно гази по тенката и опасна линија на меѓуетничките проблеми, чиј составен дел се и меѓуцрковните прашања. Ловењето во матно во оваа игра, никому, никогаш не му дала добробит и благословен живот. Анархијата е погубна за сите, а најповеќе за нејзините промотори. Нека го има ова предвид г. Стоиљковиќ кога јавните настани и собирања на неговите подржувачи ќе се обиде да ги прикаже како своја лична слава.

Вака, во парабола, им зборуваше Христос на Своите апостоли  - „Јас сум Добриот пастир, кој го дава животот свој за овците... По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците... Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега, а волкот ги разграбува и распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас сум Добриот пастир и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене... (Јн. 10 глава).

 

 

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

 

 
< Претходно   Следно >