


| Архиерејска Литургија - Соборен храм, Скопје |
| 10.12.2009. | |
|
![]()
Во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, на 8 декември 2009 година, кога Света Црква го слави споменот на свети Климнет Охридски, Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Горазд, Епископот Хераклејки г. Климент и свештенството на храмот и Скопската епархија отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија присуствуваше и заменикот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква протоереј Николај Балашов. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|