Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Вечерна Богослужба во епархискиот параклис
7.12.2009.
 
Sample Image   Sample Image
 

Епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски, беше местото каде започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во Повардарската епархија. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на Светителот - заштитник на Македонската православна Црква и нејзините верни чеда.


Sample Image   Sample Image

По завршувањето на Вечерната, секретарот на Повардарската епархија, ѓаконот Влатко Стоименов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за Македонскиот народ и Македонската Црква. По завршувањето на Вечерната богослужба епархијата приреди коктел за присутните гости. Утре на самиот ден на празникот ќе биде отслужена Света Божествена Литургија, исто така во епархискиот параклис. Празникот се празнува и како државен празник на Република Македонија.

 

Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >