


| Одбележување на патронот во Македонската богословија |
| 7.12.2009. | |
![]() Прославата на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, Охридскиот Чудотворец, започна со свеченост во Македонската Православна Богословија која го носи името на овој голем македонски светител. На свеченоста по повод патронатот на богословијата присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е и ректор на Богословијата, Митрополитите Полошко-кумановски г. Кирил, Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион. ![]() Одбележувањето на празникот започна со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско - Кичевски г. Тимотеј, а потоа се одржа духовна академија и настапи хорот при богословијата. ![]() ![]() |
| < Претходно | Следно > |
|---|