Запознавање со верата - предавање |
16.11.2009. | |
На празникот на Светите Козма и Дамјан; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј; (14.11.2009 година) во црковно-народната кујна во Велес се одржа првото од предвиденте низа предавања на тема „Запознавање со верата“. На ова прво предавање, пред повеќето присутни свое излагање имаше отецот Ангел Станчев, а исто така на прашањата на присутните одговараа и дипломираниот теолог Никола Ѓорѓиев и завршениот богослов Бобан Ѓорѓиевски. Циклусот предавања „Запознавање со верата“ ќе се одвива секоја сабота во просториите на црковно-народната кујна при Повардарската епархија во Велес, со почеток во 12 часот.
|
< Претходно | Следно > |
---|