Излезе од печат 11-от број на Православна Светлина |
15.10.2009. | |
![]() Излезе од печат новиот број од списанието „Православна Светлина“ . И во овој број, во списанието се обработени теми од учењето на нашата Мајка Црква , со цел да ги спознаеме позитивните моменти од нив и да се обидеме да ги примениме во нашиот живот, а со цел уште повеќе да ја зацврстиме нашата заедница со Бога и меѓу нас самите, да ги спознаеме и примиме Божјите добрини и убавини, за полесно да го пронајдеме своето смирение и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Новиот број на „Православна Светлина“ содржи 56 страни, во кои се обработени вкупно 16 теми.
Примерокот е бесплатен, а може да се најде во седиштата на Архиерејските намесништва на Повардарската епархија во градовите: Велес - Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Спас“ ; Кавадарци - Соборен храм „Св. Димитрија“ Неготино - Соборен храм „Св. Атанасиј“ Гевгелија - Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, како и во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|