10 години од востоличувањето на Архиепископот |
13.10.2009. | |
![]() На 10. 10. 2009 година, во осумнаесеттата недела по Педесетница, на денот на светиот маченик Калистрат, светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј и Епископот Хераклејки г. Климент, ја освети возобновената црква на Рождество на Пресвета Богородица на Средно Водно. По чинот на осветувањето беше отслужена Божествена Литургија.
Со осветувањето на возобновениот храм на Рождество на Пресвета Богородица, Македонската Православна Црква, ја одбележа десетгодишнината од востоличувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
На крајот од Архиерејска Литургија Поглаварот на МПЦ, г.г.. Стефан одража пригодна беседа заблагодарувајќи им се на сите ктитори и градители на овој свет храм, и „порта Небесна“, и посочувајќи ги почетоците околу возобновувањето на овој свет храм, ја истакна верата и љубовта на видните жители од некогашното село Горно Водно. |
< Претходно | Следно > |
---|