Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна венчавка
22.09.2009.

 

Sample Image
 

 

На 19. 09. 2009, ден сабота, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, се одржа групна венчавка, на која 24 двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов.

 

 

Со молитва за здравје, потомство и мирна и совршена љубов се до судниот ден, тие го добија Божјиот благослов за својот брак.

Невести и младоженци на возраст од 30 до 60, во облека по слободен избор, но сите со исти венчиња на главите, дојдоа да бидат дел од групната венчавка. Среќни и возбудени, некои од нив и по 40 години заедничко живеење, решиле сега својата љубов да ја крунисаат пред Бога. Кумови, деца, внуци, пријатели и голем број посетители го исполнија храмот.

Чинот на Светата тајна – брак го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Во храмот се собраа голем број добронамерници за да им честитаат, но и да им дадат свој благослов на младенците. Групна венчавка се организираше по втор пат во Повардарската епархија, а е со тенденција да се одржува секоја година во Велес.

 

 

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >