Света Божествена Литургија - Драчево |
7.09.2009. | |
![]()
На ден 06. 09. 2009 година, недела, во храмот „Св. Спас“ во Драчево беше отслужена Света Божествена Литургија. на Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенств, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од скопската епархија. На Литургијата присуствуваа сите ученици при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ од Драчево. „Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува обредот призив на Светиот Дух. Овој обред се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание. ![]() ![]() ![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|