Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна крштевка на Матка 2009
7.09.2009.

 

 Sample Image

 

На 05. 09. 2008 година, ден сабота, по 11-ти пат се одржа Групно крштевање во водите на реката Треска, на Матка. Светата тајна - крштение ја примија 103 луѓе. Со чинот на осветување на водите на реката Треска и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Скопската епархија.

 Групната крштевка на Матка беше организирана за прв пат во 1998, и под духовно раководство на Митрополитот Агатангел и во организација на хуманитарно-мисионерската дејност „Ѓаконија“ оваа крштевка стана духовен настан, преку кој илјадници души со радост пристапија во православната вера и го примија Господ Бог, Исус Христос за вечна патеводилка во нивните срца.

 

Sample Image

 

 Sample Image

 

Чинот започна во 08,30 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој Митрополитот Агатангел ги повика сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа.Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно. Откако беа осветени водите на реката Треска, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Треска и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Чинот на групното крштевање на Матка заврши со трпеза на љубовта, каде телесно се насладија сите оние кои се крстија, нивните кумови и останатите гости кои го проследија овој чин.

 

 

 

 Sample Image

 

Sample Image

 

 Sample Image

 

 Sample Image

 

 Sample Image

 

 Sample Image

 

 Sample Image

 

 Sample Image

 
< Претходно   Следно >