Реставрацијата на црквата „Св. Богородица“ Велес |
31.08.2009. |
Во тек е целосно реновирање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
Досега се извршени следните санации:
Малтерот и фреските се целосно извадени бидејќи на фреските почна да се јавува се поголемо оштетување и неотпорност на атмосферските влијанија.
Се пристапи кон целосно обновување на подлогата за новиот фрескоживопис во кој секако ќе се репродуцираат претходно насликаните фрески заедно со имињата на оние кои ги подариле. Ќе биде монтиран нов иконостас изработен во автентичен македонски длаборез во ореово дрво.
Во текот на реновирањето на црквата се увиде дека три од постоечките носечки столбови во нивната основа се трули и затоа беа преземени мерки за нивно ургентно санирање.
Во завршна фаза е инсталирањето на подното греење во црквата по што ќе биде поставен мермер.
|