На Петровден во Папрадиште |
13.07.2007. | |
Денот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, беше одбележан во селото Папрадиште....
Денот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, беше одбележан во селото Папрадиште, во близината на Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел оддржа Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија. Православниот храм „Св. Петар и Павле“,еден од најголемите бисери на сакралната архитектура во областа Азот, велешко, кој што е изграден во 1900 година, беше духовниот дом на стотици верници од Велес, неговата околина, но и од други градови во Македонија, кои присустувајќи на Архиерејската Литургија, им се поклонија на Светите апостоли Петар и Павле.
|
< Претходно | Следно > |
---|