Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Успение на Пресвета Богородица
31.08.2009.

 Sample Image

 

 

Чествувањето на Успението на Мајката Богородица , во Велес ја надополни целата прекрасна атмосфера која беше присутна на секое парче македонска земја. Вториот Велигден, за нас православните христијани, како што милостиво Митрополитот Агатангел го нарече вчерашниот ден, беше вистинска можност за демонстрација на она што вистински тлее во нашите души, а тоа е несогорливиот и силен христијански дух, тоа е потребата од Господ Бог, тоа е потребата од нашата Света македонска црква, тоа е потребата од нашето заедничарење....


 

 


Чествувањето во Велес, како и во многу градови во Македонија започна со Вечерна Богослужба во храмот „Свето Вознесение Христово“,  поради реновирањето на храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица. Со Вечерната Богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на свештенството од велешкото архиерејско намесништво. На Вечерната Богослужба, на која на поклонение кон Мајката Божја дојдоа стотици жители на Велес, беше отслужен и акатистот на Пресветата Владичица Богородица.

Милостивите и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон” од Велес, причестувањето со Светите Христови Тајни, илјадниците христијански души, кои смирено го чекаа својот ред во недогледната колона  луѓе пред православниот храм, за да и се поклонат на Мајката Божја и да ја помолат за да ги застапува нивните души пред престолот на Спасителот, беа Божествените моменти кои вистински не воведоа во осмиот ден, кои не доближија до Седржителот и во целост ни ја покажаа вистинската димензија на Светата Литургија, како единствен и непобитен извор на нашата духовност и на нашето спасение.   

    Во своето празнично Слово, во беседата изречена пред бројните верници, Митрополитот Агатангел ни ја претстави славата на Мајката Божја, нејзината неизмерна љубов и величие. Тој упати порака, Благословената Дева Марија да ни служи како огледало, како жива икона на библиски христијанин, да се моделираме самите по примерот на благословената Дева Марија, зашто таа е онаа која највозвишено слуша. На Благовештението таа слушаше со покорност и му одговори на ангелот, „Нека ми биде според зборовите твои” (Лк. 1:38). Таа не би можела да го прими Словото Божјо во нејзиното тело, ако прво не го слушнала Словото Божјо во нејзиното срце. Кога пастирите го видоа и се восхитуваа на новородениот Христос, „Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое” (Лк.2:19). Истата потреба од послушност е нагласена и во последните зборови, посветени на Мајката Божја во Светото Писмо, на венчавката во Кана Галилејска: „Се што ќе ви рече, направете!” (Јн. 2:5) им рече таа на слугите и на сите нас.

  На крајот од својата беседа, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги помоли сите присутни верници да ја сакаат и да ја почитуваат својата мајка и својот татко, исто како што би сакале и нивните чеда секогаш да ги сакаат и да ги почитуваат нив и ги помоли сите кои имаат било какви недоразбирања со своите родители, да отидат на овој ден, да ги посетат, да побараат прошка и да ги надминат сите недоразбирања.

     Светата Божествена Литургија во Велес ја проследи и градоначалникот на Велес, г-нот Горан Петров.  


 

 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
 
 Sample Image
 
 Sample Image Sample Image

Sample Image
 


 
 Sample Image Sample Image
 
 Sample Image
 
 
< Претходно   Следно >