Св. Илија - Илинден |
7.08.2009. | |
![]() На денот кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светиот пророк Илија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на овој светител во месноста Смрдлива Вода, покрај Гевгелија.
Манастирскиот комплекс „Св. Илија“ во Велес, пак, беше православниот христијански дом, во кој верниците од Велес и неговата околина традиционално го прославуваат големиот христијански празник посветен на Светиот пророк Илија. Со Вечерна Богослужба, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија и со бројни молитви за мир и благосостојба на македонскиот народ, како и со молитви за покој на небројните македонски синови и ќерки кои ги положија своите животи за националната и духовната слобода на македонскиот народ беше одбележано чествувањето на денот на Светиот пророк Илија.
Вечерна Богослужба - „Св. Илија“ - Велес
|
< Претходно | Следно > |
---|