Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Примање на Света тајна - свештенство
9.07.2007.

 

                       Sample Image         

Ракоположување на ѓаконот Димче Ставревски во свештенички чин......

     Со Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, беше одбележано рождеството на Св. Јован Крстител во Велес. Православниот храм „Успение на Пресвета Богородица”, беше духовниот дом на неколку десетици верници, кои ја проследија Литургијата. На денот на раѓањето на Св. Јован Претеча, пастирското стадо на Повардарската епархија беше зголемено за уште еден свештенички чин. Митрополитот Повардарски г. Агатангел го ракоположи ѓаконот Димче Ставревски од Велес во свештенички чин. Во беседата на Митрополитот Агатангел, искажана по повод ракоположувањето, тој упати апел до сите свештеници дека свештеничко – пастирската врата мора да биде отворена цело време, дека свештеникот не смее да ги занемари своите духовни чеда кога тие имаат потреба од него, туку напротив да се обиде со Словото Божјо да го пронајде нивното смирение.


        Sample Image       Sample Image


 

       Sample Image          Sample Image


 

    Свештеник Димче Ставревски е роден на 31. 12. 1984 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, а средно во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Драчево. Моментално се наоѓа на студии на Богословскиот факултет во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 03. 07. 2007 во Соборниот храм „Св. Димитриј” во Кавадарци, од страна на Архиерејот на Повардарската епархија г. Агатангел.

    

 
< Претходно   Следно >