Доделени дипломи по веронаука |
12.06.2009. | |
Иако предметот веронаука во нашиот образовен систем не го дочека завршувањето на учебната година, поради веќе познати причини, сепак Македонската православна црква на сите петтоодделенци кои ги посетуваа часовите по веронаука реши да им додели дипломи. Така во Повардарската епархија првите дипломи беа доделени во Гевгелиското намесништво, во Валандово и во селото Пирава.
Дипломите на учениците им ги доделија свештениците Драги Дончевски и Љупче Миланов. ![]() |
< Претходно | Следно > |
---|