Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Примање на Света тајна - свештенство
2.07.2007.

 

                         Sample Image


Клирот на Повардарската епархија на Македонската православна црква збогатен за уште еден свештенички чин.

На 01. 07. 2007 година во Соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ во Велес беше одржана Архиерејска божествена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенството на Повардарската епархија. На неделната служба во велелепниот храм во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и го ракоположи ѓаконот Јованче Илиев од Велес во свештенички чин. Со примањето на Светата тајна – свештенство, досегашниот ѓакон Јованче Илиев се става во редот на свештенството на Повардарската епархија, со што се зголемува и обогатува клирот на епархијата.

Свештеник Јованче Илиев е роден на 20. 01. 1983 година во Велес. Основно образование завршил во родниот град, а со средно образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. За ѓакон е ракоположен на 14. 01. 2007 година, во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, од страна на архиерејот на Повардарската епархија г. Агатангел.


Sample Image    Sample Image   Sample Image

 

 

 
< Претходно   Следно >