Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Св. Кирил и Методиј
26.05.2009.
 
 
Sample Image
 
На празникот на Светите Кирил и Методиј беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот посветен на овие светители во Гевгелија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од гевгелискотот архиерејско намесништво.
 
 

 

 

Sample Image      Sample Image
 
Sample Image    Sample Image
 

 

Sample Image    Sample Image
 
 
На Литургијата, Митрополитот благоволи и го произведе во чин чтец студентот на теологија Ѓоре Тасев од Гевгелија. 

 

 

Sample Image    Sample Image
  

 

 

Sample Image    Sample Image

 

 


Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни     24/05/2009


 

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.


 

 
< Претходно   Следно >