„Св. Ѓорѓи“ - Ѓурѓовден |
7.05.2009. | |
![]() На 06. 05. 2009 година, на празникот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот на светиот великомаченик Георгиј во селото Пирава. На Литургијата сослужуваа повеќе свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата.
На Литургијата присуствуваа голем број верници од Пирава и околните села кои традиционално го празнуваат Ѓурѓовден и како слава на селата во кои живеат. Некои од присутните верници се причестија со Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беше осветен и празничен колач за здравје и спасение на верниците.
![]() |
< Претходно | Следно > |
---|